-->
-->
Древен рецептза убавина од султанката Хурем
-->

Германската актерка која се прослави по серијата Величенствениот во која ја играше улогата на Хурем Султан, дефинитивно преку ноќ го освои Балканот и срцата на обожавателите. И додека таа во серијата ни покажа како од робинка стана владетелка на срцето на султанот, во реалниот живот ни кажува како се грижела за својот порцелански тен вистинската султанка. Маската на Хурем од јаглика е запишана во историските архиви.
Потребни ви се околу десет грама сушена јаглика, половина исечена и излупена краставица, пола шолја цеден сок од јаболка, лажица маслиново масло, и една шолја брашно.
Цветовите, краставицата и брашното да се подготват на тивок оган, околу десет минути. Потоа тргнете ја смесата од оган и продолжете со мешање додека не добиете комплетна смеса. Во кремата која ќе ја добиете додајте го сокот од јаболка и маслиновото масло.
Чекајте добро да се соедини.
Со оваа смеса намачкајте го лицето со четка, како и деколтето и вратот и чекајте да се скамени. По половина час исперете го со млака вода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски