Драматичен пораст на продажба на одбранбено оружје во Германија
Побарувачката на оружје за лична заштита како гасни пиштоли, пепер спреј, и оружје со за електрошокови е зголемена за два пати, информираат германските власти кои што издаваа дозволи за ваков вид на оружје.
Зголемената побарувачка на т.н. неубиствено оружје се случува по новогодишните сексуални напади во Келн и други градови.
Дилер на ваков вид оружје од Северна Рајна Вестфалија за локалните медиуми тврди дека продажбата се зголемила за три пати затоа што луѓето повеќе не се чувствуваат безбедно. Според германските закони граѓаните не можат слободно да купат класично оружје и муниција но можат да набават неубиствено оружје, а за добивање на таква дозвола не треба да се помине ниту психијатриска проверка како што тоа е неопходно за убиствено.
Агенцијата за издавање лиценци за неубиствено оружје вели дека од почетокот на годината има двојно повеќе барања за дозвола. Само во Келн на почетокот на јануари се регистрирани 300 барања за разлика од околу 400 што се забележани за цела 2015 година.
Покрај барањето дозвола за неубиствено оружје во Германија по новогодишните сексуални напади се популарни се и курсевите за одбранбени вештини за жени.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето