Драмата „Реквием за љубовта“ од Зоран Пејковски на англиски јазик

Излезе од печат англискиот превод на драмата во стих „Реквием за љубовта“ - „Requiem for Love“, издание на издавачката куќа „Дијалог“, чиј автор е драмскиот писател и поет Зоран Пејковски.
Драмскиот текст „Реквием за љубовта“ ќе биде преведен и на полски јазик и ќе се игра во театрите во Полска, потоа на романски јазик, еврејски јазик, а преводот на англиски јазик затоа што ќе се игра во еден од театрите на Бродвеј, истакна авторот Пејковски.
- Оваа битолска еврејска приказна пишувана врз вистинит настан, а чувана со децении и децении, а е пишувана по повод 75-годишнината од холокаустот извршен врз македонските Евреи во 1943 година, со која всушност се одбележува овој трагичен настан за Македонија и македонските Евреи. Јас сум среќен што ова е единствениот драмски текст досега во македонската литература преведен на четири светски јазици, кој ќе биде одигран во европските и светските театри, посочи Пејковски.
Книжевни искуства на битолчанецот Зоран Пејковски, датираат од 1987 година, кога за прв пат е одигран негов драмски текст надвор од Република Македонија, кога почнува професионално да се занимава со книжевност.
Зоран Пејковски е член на Друштвото на писатели на Македонија, член на Македонското научно друштво-Битола и претседател на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ од Битола.
Ново на Сител
-

Андоновски од Сеул: Не смееме да дозволиме ВИ да ги дели државите на богати и сиромашни
-

Собранието и МАНУ со договор за уредување на меѓусебните односи
-

Трамп: Украина мора да сака да стави крај на војната
-

УЈП ќе ги презентира анализите за тоа колку и од каде заработувале граѓаните
-

Виткоф пристигна во Санкт Петербург на средба со Путин, по разговорите со Зеленски
-

НАТО го предупреди Зеленски дека Трамп може да ги запре испораките на оружје
-

Деветти ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд
