-->
-->
Драма во тетовско: Обид за киднапирање на 14-годишно дете - го спасила соседката која излегла со вила
-->
Вчера во Полициското одделение Групчин, З.И. (39) од с.Палатица пријавил дека истиот ден околу 07.45 часот, додека заедно со неговиот 14-годишен син со патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки се движеле кон училиштето во с.Палатица, во еден момент патот му го попречило патничко возило возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.
Од возилото излегле четири непознати лица кои се обиделе насилно да го внесат неговиот син во нивното возило.
Во тој момент излегла нивна соседка држејќи вила во раката, по што лицата побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стипендија за високо образование и плакета за храброста на Јован - предлог одлуката утре на седница на Советот на Виница
-
Брзото јадење е штетно по човековото здравје
-
Минатата година докторирале 215 лица, за 23,6 проценти повеќе од 2023-та
-
ОН: Наша мировна мисија во Украина е многу хипотетична
-
Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Црвениот крст почна со исплатата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани
-
Приведен малолетник од Куманово поради кражба
-
Уапсен екс директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми