Драма во Тетово: Донеле болно дете во болница, ги претепале докторот и сестрата

Дежурен доктор во Детското одделение во Клиничката болница - Тетово физички е нападнат вчера во 15.20 часот од страна на 25-годишниот Н.С. од село шемшово кој заедно со две непознати женски лица и едно малолетно дете влегле во ординацијата за укажување лекарска помош за детето.
Министерството за внатрешни работи информира дека лекарот откако го видел медицинскиот извештај од Хируршко одделение и побарал да му донесат упат, лицето му се нафрлило и физички го нападнал, а потоа почнал со рацете да удира по работното биро, компјутерот и другите предмети кои ги расфрлал на подот за што лекарот преку дежурната сестра Ќ.Ј.(46) побарал да биде повикано обезбедувањето, а откако истата се обидела да го повика обезбедувањето, лицето и нејзе физички ја нападнал по што го напуштил местото на настанот.
По превземени мерки бил утврден идентитетот на лицето. Се работи за Н.С.(25) од село Шемшово. СВР-Тетово работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
