Драма во суд во Белград: Обвинет си го пресекол вратот на говорница пред сите присутни во судницата

Во текот на судењето на Ваљевската криминална група пред Специјалниот суд во Белград обвинетиот Зоран Јеличиќ си го пресече вратот пред сите во судницата.
Медиумите објавија дека Јеличиќ се јавил за збор, излегол на судската говорница и велејќи: „Сега ќе се убијам пред сите“ од џебот извадил остар предмет и си го пресекол вратот, а успеа да пресече и вена.
За среќа, Јеличиќ има само површински рани, кои не се опасни по живот.

Стражата брзо реаграла и го спасила Јеличиќ од потешки последици.
На драмата во судницата и претходело тоа што Јеличиќ побарал изземање на судскиот совет и навел дека има 7 причини за тоа.
Успеал да наведе 4 но судијата го вратила во боксот за обвинети. Меѓутоа тој повторно се јавил за збор, и кога судијата Светлана Алексиќ му дозволила повторно да излезе на говорница, тој рекол дека, бидејќи ме му било дозволено да каже што има, дека ќе се убие.
Настанал хаос во судницата, веднаш скокнала стражата, но и лекарите од итната помош кои дежураат во зградата.

„Ваљевскиот клан“ во 2009 година во голема акција на полицијата е уапсен, за тешко убиство, злосторничко здружување, недозволено држење оружје и експлозивен материјал, изнуда и нанесување на лесни и тешки телесни повреди, и изнуда на пари.
Тогаш се лишени од слобода Милан Лазаревиќ, Зоран Јеличиќ, Милан Миљановиќ, Небојша Голоскоковиќ, Александар Павловиќ, Дејан Велимировиќ, Мирко Лазараевиќ, Марко Лиличковиќ и Александар Бошковиќ.
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
