Драма во Струмица, влегол во продавница и направил хаос - неколку лица повредени
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против К.Р.(29), А.Р.(25) и Д.Р.(24), сите од село Баница, струмичко за сторено кривично дело - “насилство“. На 03-ти овој месец во продавица во село Баница, струмичко, по упатени закани, првопријавениот, кој бил во алкохолизирана состојба, физички ги нападнал сопственикот на продавницата и неговата сопруга. По ова, К.Р. зел секира, и повторно упатувал закани кон оштетените, но и кон други лица присути пред продавницата, по што заминал. По кратко време, пријавените заедно со неколку непознати лица, се вратиле во продавницата, при што со камења, стапови и секира извршиле оштетување на продавницата, куќата во која се наоѓа продавницата и возилата паркирани во дворот, и притоа повторно физички ги нападнале сопственикот, неговата сопруга и уште некоклку лица нивни роднини нанесувајќи им телесни повреди.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
