Драма во скопска кафеана: Го влечеле по подот и го тепале со тупаници и ногарка од столица
Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“ согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО.
– Двајцата осомничени на возраст од 43 и 27 години, на 5 мај напладне влегле во угостителски објект на улицата „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје и без никаков претходен разговор физички нападнале едно лице кое седело во кафе-барот. Најпрво започнале да го удираат со тупаници по главата и телото, а потоа и грубо да го малтретираат, влечејќи го по подот на објектот. Во еден момент, првиот осомничен зел и парче дрво – ногарка од искршена столица и со неа го удрил оштетениот по главата, нанесувајќи му дополнителни повреди. За тоа време, вториот осомничен не им дозволувал на другите присутни да се приближат, велат од скопското Обвинителство.
Со овие дејствија според Обвинителство, двајцата осомничени предизвикале и поголема материјална штета и чувство на несигурност кај присутните и вработените во објектот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.
Ново на Сител
-
Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието
-
Средба на Јаневска со студенти и професори од кампусот на Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг во Манхајм
-
Бела куќа: Трамп и кинескиот претседател Си веројатно ќе разговараат неделава
-
ЕК утре ќе објави дали Бугарија ги исполнува условите за прием во Еврозоната
-
Земјотрес со јачина од 5,8 степени меѓу грчкиот остров Родос и турското крајбрежје
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Со мотор излетале од пат, тешко повредени двајца малолетници
-
Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос