ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Полицијата привела провалник, па настанала гужва во која дебелиот крај го извлекол полицаец
На 09.02.2018 година околу 20.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Е.Р. пријавил дека во с.Батинци, скопско, во куќа на ул. „1“ имало непознато лице.
Полициски службеници извршиле преглед и во куќата било пронајдено едно непознато лице. Во тој момент пред куќата почнале да се собираат жители на селото, кои сакале да го фатат сторителот.
Полициските службеници го извадиле надвор од куќата и во моментот додека се обидувале да го стават лицето во службеното возило, од позади грб се доближило непознато лице кое сакало да го удри приведениот, но го промашил и со тврд предмет удрил еден од полициските службеници во левата нога.
Полицискиот службеник бил пренесен во градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт