-->
-->
Драма во Скопје: Го претепале и го врзале, па побегнале со богатиот „плен“
-->

Вчера околу 16.00 часот во Скопје, во кругот на ЖАС, три непознати машки лица извршиле разбојништво над Е.М. (29) од Скопје, при што му биле одземени 800.000 денари.
Имено, Е.М. со возило „поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата фирма „Јадран“, дошол да изврши проверка на автобусот со кој требало да оди на пат. Откако ја отворил вратата од хангарот, непознато машко лице го удрило со пиштол по грб и го внело внатре во хангарот каде влегле уште две лица.
Трите лица го удирале по телото и го внеле во автобусот, а потоа со закана со оружје му одзеле 800.000 денари. Потоа му ги врзале рацете и нозете со лисици, го оставиле внатре во автобусот, и го напуштиле местото со возилото на Е.М.
Подоцна возилото било пронајдено на бул.„Никола Карев“.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
