-->
-->
Драма во Ресен: Тинејџерка (18) киднапирана од семејниот дом
-->
Вчера во Полициската станица - Ресен, Е.К.(49) пријавил дека околу 07:30 часот од семејниот дом во Ресен била грабната неговата ќерка Р.К. (18).
Таа била грабната од У.В. (20) од с.Поум-струшко, кој заедно со неговиот татко и уште неколку лица кои се превезувале во патничко возило „Фолксваген Голф“ управувано од Џ.Ф. (20) од с.Биџево и патничко возило „Фолксваген Голф 3“, дошле во домот на Е.К. каде насилно ја зеле Р.К. и заминале во непознат правец.
Во врска со настанот, во ПС-Ресен бил приведен Џ.Ф., кој изјавил дека не знае каде се наоѓаат горенаведените лица.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на Р.К. како и целосно расчистување на кривичното дело.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница