Драма во Пробиштип: Тројца избодени по соседска кавга
Вчера во 21,20 часот во с.Гајранци-пробиштипско Р.К. (59) забележал дека била срушена неговата ограда од дворот, по што претпоставил дека сторители се неговите соседи браќата Д.М.(42) и М.М.(1961) по што зел секирче и го скршил ветробранското стакло од паркирано возило „Застава 125“ сопственост на М.М. а потоа заминал.
Веднаш потоа Д.М. и М.М. влегле во дворот на Р.К. и физички го нападнале. Истиот изреволтиран зел нож со помало сечиво и на ул.„9-ти Мај“ им нанел повреди во пределот на стомакот на двајцата браќа.
Повредените со возило на Брза помош биле пренесени во Клиничка болница-Штип каде им биле константирани телесни повреди и истите биле задржани на понатамошно лекување.
Р.К. бил приведен во Полициска станица-Пробиштип, а потоа поради здобиените повреди од извршениот физички напад со возило на Брза помош бил пренесен во Клиничка болница-Штип.
Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Пробиштип и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија