-->
-->
Драма во Прилеп: Откако раскинале, сопругот на љубовницата го уценувал со нејзините секси фотографии
-->

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против И.Ј. (32) од с.Житоше, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Пријавениот, изминатите две години бил во љубовна врска со Џ.А.. Откако прекинала врската И.Ј. продолжил да ја бара на мобилниот телефон со цел да ја обноват врската.
Но, бидејќи Џ.А. одбивала средба, пријавениот на профилите на нејзиниот брат и зет на социјалните мрежи објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина. Покрај ова, пријавениот го уценувал сопругот на Џ.А. дека ќе престане со објавување фотографии ако му даде 1.200 евра.
Парите требал да ги уплати на сметка на неговата мајка, додека фотографиите би останале кај него во случај да биде пријавен во полиција да ги предаде на друго лице за објавување на социјалните мрежи. На 14.јуни годинава, по Наредба на Основен Суд Прилеп, бил извршен претрес во во куќа во с.Житоше, сопственост на пријавениот, при што со потврда за привремено одземени предмети биле одземени се еден компјутер, мобилен телефон и надворешна меморија со компромитирачки материјали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
