-->
-->
Драма во кичевско: Го испрскала сопругот со солна киселина, има тешки повреди по лицето
-->

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против В.В. (43) од кичевското село Брждани.
Пријавената, казненото дело го сторила на ден 29-ти мај, оваа година, при расправија со нејзиниот сопруг. Настанот се случил во семејната куќа во селото, околу 15 часот кога, поради одредени недоразбирања настанал вербален конфликт меѓу пријавената и нејзиниот сопруг.
- Во еден момент од меѓусебната караница, пријавената В.В. со солна киселина го испрскала сопругот во пределот на лицето. Тој бил пренесен во општата болница во Кичево каде му биле констатирани видливи повреди во вид на црвенило и отоци по целото лице како и повреди на очите, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во наредните денови свежи утра, а преку ден сончево и топло до 33 степени
-
Лебот нема да поскапи
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон
-
Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово
-
Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор
-
Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички
-
Полицајци со калашникови во прилепската болница откако две групи се обиделе да се пресметаат | ВИДЕО
-
Под неисправно возило во Дебар пронајдено оружје и муниција