Македонија
7. July 2016 - 11:54

Драма во Чепигово: Се скарале па му пукал во стомак

Во врска со настанот на 5. овој месец во прилепското село Чепигово на м.в.„Бревче“, кога по меѓусебна расправија М.С.(22) од село Бела Црква, испукал еден куршум кон Р.Т.(35) од село Чепигово кој се здобил со влезно-излезна рана во пределот на стомакот, Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава против M.С. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид„ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и опасни матрерии“.

- На 5.јули околу 19:30 часот во атарот на село Чепигово, осомничениот со пиштол калибар 9мм пукал во оштетениот, кој од истрелот се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот. Причината за овој кривично – правен настан се претходно нарушени односи помеѓу двете лица. Надлежен јавен обвинител од ОЈО Прилеп, по увидот на лице место, издаде наредби за обезбедување на материјални докази пронајдени на местото на настанот, соопшти вчера Јавното обвинителство.

Врз оштетениот, како што велат од Обвинителството, е извршена хируршка интервенција во болницата во Прилеп и според првичната констатација на лекарите, тој се наоѓа надвор од животна опасност.
 

Судија во претходна постапка на пријавениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.