Драма театарот од Љубљана го затвора „Охридско лето“
Со театарската претстава „Figurae veneris historiae“ на Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски и продукција на Словенечкиот национален драма театар од Љубљана вечерва ќе биде затворено годинашното издание на фестивалот „Охридско лето“.
Авторот Стефановски за неговото дело вели дека сложениот наслов на драмата крие многу проста порака дека има нешто порнографско во историјата особено кога ќе дојде до големи колежи, со светските војни како круна на политичката порнографија.
- Историјата не врти, гнечи на многу начини... Темите за теророт на историјата, за баналноста на злото, секојдневието што не притиска и не фаќа во стапицата на голо преживување, емоционална уцена, им ги соблекува гаќите на луѓето и многу често го сведува нашиот однос на вулгарни препукувања и на јазик на пцости...Во таквиот пеколен казан сите копнееме по човечки збор, по нежни допири, по поезија, вели Стефановски.
Според режисерот Поповски, фестивалската публика ќе има можност да гледа настап на еден од најдобрите ансамбли што постои на Балканот, односно ансамбл што со неверојатна дисциплина, кондиција и смелост влегува во најразлични проекти.
- Преку извртената приказна за војната, за човечкото, за природата во човекот во услови на константна војна, претставата зборува за недопирливото, за емитовните делчиња, суштината на човештината што останува во нас во такви воени виори..., вели Поповски.
Драматургот на претставата Дарија Домингош оценува дека текстот им дозволува на сите актери подеднакво да имаат учество во претставата, оти нема мали и големи во поставката.
Претставата „Figurae veneris historiae“ ќе се игра на сцената на Долни Сарај, со почеток од 21 часот.
Ново на Сител
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста
-
На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја
-
Поранешниот потпретседател Пенс контра Трамп: Господине претседателе, не ја зборувате вистината за Украина
-
Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ