Драма на Шар Планина: Планинар со полициски хеликоптер итно пренесен на клиника
Планинар со симптоми на срцев удар со полициски хеликоптeр пренесен од Шар Планина на скопските клиники
Планинар кој наверојатно доживеал срцев удар додека се движел со група на релација Бозовце – Скакаличко езеро, денеска со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи од Шар Планина е однесен на скопските клиники.
Како што соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, член на планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово во 11 часот се јавил во полиција и информирал дека на еден учесник на планинарската тура од Куманово му се слошило.
-Планинарите според симптомите востановиле дека се работи за срцев удар. Затоа се јавиле во МВР, а поради оддалеченоста на Шар Планина побарале од полицијата да испрати летало за да се овозможи итна лекарска помош, изјави Јосифоски.
По дојавата, од МВР е испратен хеликоптер, а полициските службеници по пристигнувањето на посочениот предел на Шар Планина успеале да ја лоцираат групата. Планинарот кој давал знаци на живот е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Неодамна СВР Тетово и Отсекот за превенција организираа едукативно информативни средби со планинарски друштва во Тетово и Гостивар за да се подобри соработката при изведување планински тури. За полицијата е особено важно планинарските друштва да информираат за денот, местото и дестинацијата на одвивање на турите. (МИА)
Ново на Сител
-
Тошковски ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје
-
Истражна постапка против две лица осомничени за тепачка со смртни последици
-
Вучиќ пристигна во Осака на неколкудневна посета на Јапонија
-
Трамп го предупреди Израел да биде внимателен по нападот во Катар
-
Сончево со мала облачност и ветер
-
Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино
-
Побаран краткотраен притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево
-
Дејан Митровски - Урко избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа