Драма на патот кај Ропотово - додека се возел со сопругата и детето без никаков повод почнал да пука
Крушевчанец додека се возел со неговата сопруга и малолетното дете без никаква причина земал пиштол и почнал да пука.
- На 2 јули 2018 година во 15:30 часот било пријавено дека на патот од село Црнилиште кон село Ропотово кај монополот на излезот од село Црнилиште, Ф.А.(24) од село Норово, Крушевско, кој бил сопатник во патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, а управувано од неговиот татко А.А.(53) од село Норово, Крушевско, од фиоката во возилото извадил огнено оружје - пиштол со намера да пука надвор. Испукал неколку пати и се повредил во потколеницата на левата нога, при што се здобил со прострелна рана. Потоа бил пренесен во Градската болница во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош. Во возилото биле присутни и сопругата на повредениот со малолетното дете и неговата мајка, стои во соопштението на МВР.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор