Драма на Партизанска - нападнат полицаец
На 19.09.2017 година околу 23:00 часот во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ во непосредна близина на трговскиот центар „Антико“ при вршење служба, сообраќајната патрола, поради сторен сообраќаен прекршок сопреле патничко возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.А.(34) од Скопје. Во моментот кога тој излегол од возилото за да им ги даде на увид патните документи на полицајците, непознато лице кое се затекнало на наведеното место физички го нападнал едниот полициски службеник, по што и возачот Ф.А. се приклучил и го удрил, а околу службеното возило се собрале повеќе граѓани и се обиделе да ги попречат полицислите службеници во превземањето на понатамошните службени дејствија. По добиена дојава за настанот, на лице место пристигнале полициски службеници од ПС Карпош, ПС Ѓорче Петров, сообраќајна полиција и Алфа тим, по што Ф.А. е приведен и се превземаат мерки за расветлување на случајот.
Ново на Сител
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
-
Момче загина од удар на гром