Драма: Избил пожар во македонска црква во Мелбурн, свештеник бегајќи скокнал од првиот кат
Пожар избувнал денеска во 12:30 часот по австралиско време во макеоднската црква „Свети Никола“ во Престон, Мелбурн, во Австралија. Причинета е материјална штета, а повредени нема.
Единствено монахот Никодим Солунчев, кој во моментот на пожарот бил на првиот кат, барајќи спас од огнената стихија, скокнал од 3,5 метри во рацете на неколку полицајци кои му помогнале да остане неповреден. Монахот Никодим за австралиските медиуми изјавил дека им благодари на пожарникарите кои му го спасиле животот.
Македонскиот портал во Австралија „Falanga.com.au“ и австралискиот весник „The Аge“ пишуваат дека полициска патрола прва го забележала пожарот и повикала помош.
Претставникот полицијата во Мелбурн Демјан Коутс соопшти дека во спасувањето на монахот учествувале најмалку шест полицајци и пожарникари. Тие се обиделе да влезат по скалите, но имало многу чад кој доаѓал од опожарените просториите, поради што единствена опција била отец Никодим да скокне во нивните раце. И покрај скокот од 3,5 метри, монахот е спасен без ниедна гребнатинка, вели Коутс.
И покрај драматично спасување, отец Солунчев, учествувал на утринската богослужбата во Мил Парк.
Се претпоставува дека причина за пожарот е неисправна електрична инсталација.
Пожарот е изгаснат и според проценките причинета е материјална штета од над 100 илјади долари.
Ново на Сител
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан
-
Полициска акција во Прилеп, се вршат претеси на осум локации
-
ДУИ: Тошковски да си поднесе оставка како морален чин
-
До петок променливо облачно со локален дожд, викендот сончево и топло
-
Софија подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8
-
По трагедијата во Кочани, ДКСК утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност
-
Пристап до мобилен интернет 1 732 063 претплатници, на мобилен месечно се зборува 174,67 минути