Живот
26. September 2019 - 22:39

Драма: Американец (45) со ќерката (5) во прегратка скокна под воз - патниците занемеа, а потоа слушнаа детски плач

Американецот Фернандо Балбуена (45) со ќеркичката Ферни (5) во прегратка, скокнал во понеделникот под воз на станица на подземната железница во Њујорк.

Тој починал на самото место, а детето за чудо преживеало, и тоа без никакви повреди.

Страотната сцена која ги шокирала сите присутни се случила во текот на утринскиот шпиц на станицата во Бронкс. Сведоците велат дека Балбуена, држејќи ја малечката Ферни во раце, скокнал пред возот број 4, кој пристигнувал во станицата.

Присутните занемеле, мислејќи дека човекот се убил и себеси и детето, и тогаш слушнале како од под возот детето го довикува таткото.

Цезар Домингез (29) и Џаиро Торес (36) кои чекале превоз, веднаш скокнале да му помогнат на детето.

„Кога го слушнав девојчето како го довикува таткото, како да ја слушнав својата ќерка“, рече Домингез, инаку татко на 6 деца.

Тој додаде дека Балбуено никој не го турал од перонот, ниту пак случајно паднал, туку скокнал под возот со намера да се убие и себе и детето.

Торес раскажал дека во првиот момент се парализирал, но потоа го слушнал плачот на девојчето и веднаш скокнал да помогне.

„Видовме две тела како лежат под возот на шините. Го прашавме девојчето дали може да се помеси, а таа ни пружи рака. Помислив: „Фала на Бога жива е и може да се движи“, рече Торес.

Според неговите зборови, ниту тој ниту Домингез не можеле да се пикнат под возот, па побарале од девојчето да доползи до нив.

„Таа го направи тоа. Штом дојде до нас, ја зедов во прегратка и се качив на платформата, каде сите собрани патници ја прифатија“, наведе Торес.

Детето веднаш е пренесено во блиската болница и по деталниот преглед е пуштено дома. Лекарите велат дека детето е физички целосно здраво и дека е вистинско чудо како не се здобило дури ниту со гребаница.

Балбуена неколку минути пред да се убие ја повикал својата жена Нијурка Карабаљо по телефон и се простил од неа. „И рече: Збогум. Чувај ни ги децата“, раскажа пријателот на Фернандо и на Нијурка Луис Санчез.

Тој додаде деја Нијурка не разбрала баш најдобро што зборува сопругот, но знаела дека нешто не е во ред. „Веднаш отрчав на станица, каде го затекнав трупот на мажот и расплаканата ќерка во шок“, наведе Санчез.

Нијурка подоцна рече дека му е благодарна на Бога што детето и е живо, а покојниот сопруг го опиша како добар татко.

„Беше вистински ангел, но се бореше со депресија. Не знам што му помина низ глава во моментот кога со детето скокна под воз. Тој го сакаше нашето девојче“, рече очајната жена.