Ракомет
15. October 2016 - 19:14

Драгаш му ја донесе на Металург втората победа во ЛШ

Ракометарите на Металург ја забележаа втората победа во Лигата на шампионите, совладувајчи ја шпанската ЛА РИОХА 24-23  (11-9)
 
Голманот Дарко Арсиќ со својата 16-та одбрана буквални во последните секунди од натпреварот му донесе триумф на тимот од Автокоманда, во чии редови Милош Драгаш постигна 4 од вкупно седумте голови во заврните минути, а седум имаше и Немања Обрадовиќ
 
Во оваа група се одигра и средбата Татран Прешов – Елверум 25-27, а во тек е мечот Киелце – Целје.
 
Утре во рамките од Б група во Јане Сандански, кај Вардар гостува  ПИК Сегед (17:30 ачсот)