Драгасакис: Нема четврта програма за спас, ниту Грегзит

Грчката Влада не размислува ниту за четврта програма за спас, ниту за Грегзит, изјави грчкиот вицепремиер Јанис Драгасакис во интервју за грчкиот весник „Етнос“.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во интервјуто Драгасакис го обвинува ММФ и европските земји за забавувањето на прегледот на грчката програма и остро го критикува лидерот на најголемата опозициска партија Нова демократија за тоа што знаел за „доцнењето“ и се обидел да го искористи за да предизвика предвремени избори во Грција.
Драгасакис истакнува дека целта на Владата за договор со кредиторите сега е на ниво на технички тимови, оти тоа е остварливо до 20 март и дека преговарачкиот тим на кабинетот работи во оваа насока.
Грчкиот вицепремиер нагласува дека не станува збор ниту за четврта спасувачка програма, ниту за Грегзит, „иако имало надворешни центри кои не ја напуштиле идејата за Грегзит, ниту идејата за четврти пакет помош“.
- Нема никакви основи за ниту една од овие две работи и тие не се предмет на преговорите што се водат, додава Драгасакис во интервјуто.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
