Драган Николиќ нов државен секретар во Министерството за одбрана

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска го назначи Драган Николиќ за државен секретар во Министерството за одбрана.
Драган Николиќ е роден на 23.01.1969 година во Штип. Живее во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје со што се стекнал со називот дипломиран електротехнички инженер од областа на компјутерската техника, информатика и автоматика. Во периодот од февруари 2004 година до мај 2005 година ја завршува Високата национална школа за државна администрација – ЕНА во Париз. Поседува сертификат за завршена „е-Governance Academy“ во Талин и сертификат за завршена обука од областа на менаџментот на Адизес Институт, Санта Барбара, Калифорнија. Поседува и сертификат од УСАИД Македонија за завршена обука „Total IT Security”.
Работи во Министерството за одбрана 19 години. Првото работно искуство во Министерството го стекнува во 1998 година како систем инженер за бази на податоци, оперативни системи и мрежи во Одделението за системско инженерство во тогашниот Сектор за информатика, а потоа продолжува како в.д. раководител на одделение за системско инженерство во истиот сектор.
Неговата кариера продолжува како помошник раководител на сектор во Секторот за К-4 (команда, контрола, комуникации и компјутери), а потоа работното искуство го надоградува на местото раководител на Сектор за К-4 во Министерството за одбрана. Оваа работна позиција ја добива како најмлад раководител на сектор во институцијата со свои 32 години возраст и на тоа работно место се задржува најдолго во својата кариера - шест години. Следното работно место му е државен советник за К-4, а по три години на оваа позиција, поставен е за раководител на одделение во Секторот за К-4.
Учествувал и во изработка на конвенции и стратегии, а член е и на меѓународни ИТ асоцијации. Од странските јазици активно го говори англискиот јазик.
- Тој е единствениот државен, односно, административен службеник во Министерството за одбрана, што во својата досегашна кариера ги има поминато сите нивоа во административната служба, почнувајќи од почетно, стручно ниво, па сè до позицијата државен советник, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-

ОЈО Кочани ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“
-

Во завршна фаза целосната реконструкција на салата „Расадник“
-

Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште во Канада
-

Вработен во ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје физички го нападнал неговиот колега со тврд предмет
-

Традиционалниот словенечки појадок одбележан во Скопје под мотото „Мојот избор е словенечка храна“
-

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023
-

Од денеска се затвора патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица
-

Кривична против четири лица од Скопје, се заканиле со пиштол на едно лице и одзеле 188.600 денари и мобилен телефон
