-->
-->
Драган Начевски останува прв човек на Судиската Организација на ЕХФ
-->
Прославениот македонски ракометен судија Драган Начевски и во наредните четири години ќе биде прв човек на европските судии.
Имено, на Конгресот на Европската Ракометна Федерација што деновиве се одржува во Сент Волфганг, Австрија, Драган Начевски доби нов четиригодишен мандат на чело на Судиската Организација на ЕХФ.
Квалитетната работа на оваа позиција во изминатите четири години беше главна препорака за Драган Начевски одново да ја добие довербата да ја предводи престижната Судиска Организација на ЕХФ.
Денеска на Конгресот, официјално беше промовиран и новиот Претседател на ЕХФ, досегашниот Генерален Секретар Михаел Видерер, кој на претседателската позиција го наследува Жан Брио, кој пак поради старосната граница не можеше да се кандидира за нов мандат.
За Потпретседател беше избран Предраг Бошковиќ од Црна Гора, додека Божидар Ѓурковиќ од Србија е нов „прв човек“ на Натпреварувачката комисија.
Македонската делегација на Конгресот на ЕХФ, ја предводат Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и Генералниот Секретар, Филип Милошевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри
-
Хуманитарен пикник на „Алкалоид” - собрани над 1,8 милиони денари кои одат за Црвен Крст
-
Екологистите бараат крај на палењето стрништа и пластика и системски решенија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува