Македонија
31. May 2017 - 15:02

Драган Јакимова победник на натпреварот „Мајкрософт офис специјалист на Македонија“

Студентката Драгана Јакимова од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е победник на овогодишниот Национален натпревар за Microsoft Office Specialist на Македонија.

Јакимова, која ќе ја претставува Македонија на интернационалниот натпревар во Орландо, САД, беше прогласена за побендик  во денешното финале на натпераврот во конкуренција на 40 натпреварувачи од средните училишта и факултетите.

Второпласирана на натправарот е Анастасија Василевска од средното училиште  „Раде Јовчевски Корчагин“  на град Скопје.

За титулата Мајкрософт офис специјалист се натпреваруваа најдобрите 40 средношколци, од кои 30 на ниво на цела Македонија и 10 од град Скопје. Оваа титула е една од најпрестижните за младинците од 13 – 22 години на светско ниво, во ранг на познавачи на компјутерски вештини.

Полагани беа 1205 квалификациски испити за Word, Excel, Power Point од MS Office 2013 и 2016, во две етапи кои ги исфилтрираа најдобрите 400 учесници.