ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска одговарајќи на новинарско прашање за случајот со приредбата на ученици со импровизирани пушки и униформи во Основното училиште „7 Март“ во Челопек, потенцираше дека Државниот просветен инспекторат (ДПИ) донел заклучок директорот да преземе дисциплинска постапка кон наставничката, а препорака кон градоначалникот да преземе соодветни мерки за директорот, при што ќе отиде повторно да види што е направено. Таа најави спроведување на обуки за мултиетничност кон крајот на јануари.
- ДПИ постапи и мислам дека тоа не е наредба, туку е заклучок или решение. Директорот требаше да преземе дисциплинска постапка кон одредена наставничка, јас не знам која е, а исто така има и препорака за градоначалникот да преземе соодветни мерки за директорот. ДПИ ќе оди повторно да види што е направено. Овие процеси бараат време. Тие се со рокови по закон, рече Јаневска која денеска беше во посета на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово.
Таа најави проект кој ќе се спроведува со ОБСЕ во повеќе училишта низ земјата. Станува збор за обука за мултиетничност, мултинационалност, за соработка и за соживот. Како што посочи, обуката ќе почне да се спроведува кон крајот на јануари
- Обуките ни се поважни од казните. За децата да разберат дека ние сме еднакви луѓе, имаме еднакви права и еднакви можности, додаде Јаневска.
На Денот на албанското знаме - 28 Ноември, во училиштето „7 Март“ во Челопек беше прикажана приредба на деца кои носеа импровизирани пушки, облечени во униформи од УЧК.
Државниот просветен инспекторат изврши контрола на 2 декември, при што беше утврдено одговорност да понесе една од наставничките, која била организатор на приредбата.
Ново на Сител
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество
-
Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест
-
Опожарено возило на новинарка од Охрид