ДПА со поддршка на договорот со Грција и најава за партиски коногрес на почетокот од август
Актуелната политичка состојба во земјава и партиските подготовки за редовниот конгрес на почетокот од август. Ова беа главните точки на денешниот состанок на централното претседателство на ДПА што се одржа во партиското седиште во Тетово.
Како што информираше секретарот на ДПА Азем Садики партијата како дел од власта целосно го подржува договорот постигнат со Грција околу решавањето на проблемот со името на државата.
- Партски заклучок е дека ние како ДПА целосно ќе се ангажираме за спроведување на сите точки од договорот со Грција, како и за успешен референдум по тоа прашање. Цениме и дека поканата за членство во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ следната година се многу важни и за нас како партија, но и за сите граѓани на Македонија, рече Садики.
Тој најави дека согласно одлуката на состанокот уште веднаш ќе започнат подготовките за партискиот конгрес бидејќи, како што рече, изминале четири години од последниот одржан конгрес на ДПА.
- Се договоривме некаде до почетокот на август да се спроведат Собранија на сите ограноци на ДПА за лигитимирање на досегашните партиски структури или евентуални измени на дел од кадрите за телата и органите на ДПА. По завршувањето на сите овие внатрепартиски процедури ќе го закажаме конгресот на почетокот од следниот месец, изјави Садики.
Ново на Сител
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни