ДПА: Резултатот за нас е солиден и ние ќе продолжиме да се бориме
Благодарност до сите кои го дадоа својот глас за Демократската Партија на Албанците, а кои се околу 22.000 илјади гласачи на републичко ниво, и кои со нивниот глас ја одржуваат ова идеја и определба, изјави на денешната прес-конференција пoтпртседателот на ДПА Бардил Даути.
Посочи дека ДПА на овие избори настапи сама за разлика од другите партии на Албанците кои имале коалиции со други македонски партии.
- Коалицијата помеѓу ДУИ и СДСМ беше јавна, транспарентна и најавена, додека пак скриената коалиција на БЕСА и Алијансата на Албанците со ВМРО во некои општини беше решавачка за исходот од овие избори. Но, овие коалиции јавноста може да ги уочи. Доволно е да се погледнат резултатите од изборите во Струга, Дебар, Гостивар, Боговиње, и Врапчиште, каде јасно се гледа тесната соработка помеѓу Алијансата и ВМРО. Исто така, ако се погледнат резултатите во општините Брвеница, Тетово, Теарце, Сарај и Чаир, очигледна е коалицијата помеѓу БЕСА и ВМРО, рече Даути.
Резултатот, рече Даути, за нас е солиден, и ние ќе продолжиме да се бориме за овие вредности кои ја афирмираат албанската кауза.
Ново на Сител
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци