ДПА: Германија и натаму продава оружје на Турција
Дури и по спорната воена интервенција во Северна Сирија за да го исчисти регионот од курдската милиција, Германија продолжува да продава оружје на Турција во вредност од милиони евра, јави ДПА.
Во првите речиси 40 дена од почетокот на турската операција „Маслиново гранче“ против курдските Сили за заштита на народот во Африн биле одобрени 20 дозволи за продажба на оружје во вредност од 4,4 милиони евра. Бројката е многу поголема од истиот период во 2017 година, кога се издадени 14 дозволи со просечна вредност од 3,6 милиони евра.
Податоците ги достави германското Министерство за економија како одговор на пратеничко прашање.
Претходниот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, кој вчера беше заменет од досегашниот министер за правда Хајко Маас, вети дека извозот на оружје за Турција ќе биде целосно запрен заради операцијата во Сирија.
Ново на Сител
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население