Дозволи за берење шумски плодови
Дваесет и пет жители на Кавадарци и Росоман годинава побарале дозволи за берење шумски плодови од подружницата на јавното претпријатие на „Македонски шуми“, “Бор” од Кавадарци.
- Една дозвола изнесува 400 денари и се однесува за сите шумски плодови и лековити растенија кои можат да се најдат во Тиквешкиот атар, најчесто на висорамнината Витачево и планината Кожуф. Се работи главно за печурки, малини, капини, боровинки, смрекинки, најразновидни билки и други плодови кои можат да се сретнат во природата, изјави Петко Ристовски од подружницата.
Се очекува, како што рече, зголемување на бројот на издадени дозволи, особено во периодот што следува бидејќи дел од берачите на шумски плодови се заинтересирани за берба на боровинки и смрекинки.
Ристовски информира дека досега не биле регистрирани берачи на шумски плодови без дозвола. Тој појасни дека сите на време биле информирани за високите казни за прекршителите на законот.
Ново на Сител
-
Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково