Македонија
29. јуни 2021 - 14:32

Дозволено организирање свадби во затворен простор со максимум 250 гости

Владата на денешната седница донесе одлука свадбените прослави да се одржуваат и во затворен простор.

„На предлог на Министерството за економија Владата денеска донесе одлука од 1 јули 2021 свадби да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот“, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук.