Дождот ги полни акумулациите во Струмичко
Малите хидроакумулации во Струмичко преливаат, а големите интензивно се полнат по последните обилни врнежи од дожд, информира Лазо Ѓоргиев, директор на АД „Водостопанство на Македонија“ – Подружница „Струмичко Поле“ од Струмица.
– Засега прелива акумулацијата „Новоселка“, а на „Иловица“ и „Маркова Река“ им недостасуваат неколку сантiметри за да прелијат и тие. Покрај нив интензивно се полни најголемата хидроакумулација „Турија“, во која само за една седмица дотекоа над еден милион и двесте илјади метри кубни вода. Во неа сега има над 21 милиони кубни метри вода, а нивото на „Водоча“ е зголемено за три сантиметри, вели директорот Ѓоргиев.
Тој додава дека од „Турија“, градот Струмица троши меѓу пет и шест милиони кубни метри вода за пиење, а за наводнување се користат 12 милиони кубни метри вода, што значи дека за цела година веќе има собрано вода во најголемата хидроакумулација.
Од акумулацијата „Водоча“ годишно се трошат шест милиони кубни метри вода, а од вкупниот капацитет од скоро 27 милиони кубни метри вода досега се собрани околу 15 милиони.
Ново на Сител
-
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог…
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор
-
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции