Дожд низ цела Македонија - еве каде најмногу наврна
Врнежи од дожд во текот на изминатите 24 часа имало на целата територија на државата, пообилни во Маврово, Тетово, Лазарополе и Дебар.
Според УХМР во Маврово се измерени 130 литри на метар квадратен воден талог, во Тетово 84, Лазарополе 75, Дебар 71, Охрид 44, Скопје 35, Куманово 19, Претор 12, Крушео и Тополчани 10, Прилеп 7, Скопје-Петровец шест, Крива Паланка пет и Берово, Штип и Битола еден литар.
Температурите насекаде биле во позитива и се движеле од четири во Тетово и Лазарополе, пет во Маврово, шест во Куманово, Дебар и Берово, седум во Крушево, осум во Гевгелија, Скопје Петровец, девет во Скопје, Претор и Тополчани, 10 во Охрид, Прилеп и Крива Паланка, 11 во Битола, 12 во Демир Капија, 13 во Виница, 14 во Дојран и Штип и 16 во Струмица.
Утрово времето е облачно на повеќе места со обилни врнежи од дожд, најобилни беа во западните делови. Дува слаб, а во источните делови на места повремено засилен ветер од јужен правец.
До крајот на денот времето ќе биде облачно на повеќе места со изобилни врнежи од дожд, најобилни во југозападните и источните делови на земјава каде се очекува да наврнат над 60 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а во јужните делови повремено засилен од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд со умерен интензитет и со слаб до умерен ветер од од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
За време на викендотврнежите ќе бидат полокализирани, но ќе има услови да бидат и поројни. Врнежи од снег ќе има само на највисоките планини во северозападните делови. Од понеделник ќе дува северен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање
Ново на Сител
-

Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-

Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка
-

Сојузот на спортови на Скопје ќе ги додели традиционалните награди „13 Ноември“
-

Трамп во интервју за „Фокс Њуз“ за тужбата против Би-Би-Си: Мислам дека имам обврска да го направам тоа
-

Средба на премиерот Мицкоски со потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот и потпишување договор за соработка
-

Во Белград конференција „Western Balkans 2030“, меѓу учесниците потпретседателот на Владата Стоилковиќ, министерката Божиновска и министерот Муртезани
-

Формирањето влада во Холандија западна во ќорсокак
-

Во напади со дронови во Русија оваа година загинале 392 лица
