Бизнис
22. February 2016 - 12:15

Доставување годишни сметки до Централниот регистар до 29-ти февруари

До крајот на овој месец сите фирми, обврзници треба да достават годишни сметки за 2015 година до Централниот регистар на Република Македонија. За трговските друштва што поднесуваат годишни сметки во електронска форма и трговците поединци и самостојните вршители на дејност рокот е до 15 март 2016 година.

Од Централниот регистар на Република Македонија информираат дека во петок, сабота и понеделник приемот на годишните сметки во хартиени форми ќе се врши во сите регистрациски канцеларии на Централниот регистар во периодот од 08:00 до 20:00 часот. Годишни сметки ќе се примаат и во недела од  08:00 до 16:00 часот.

Дополнително, во петок и понеделник, Централниот регистар ќе организира прием на годишни сметки и во Кратово во просториите на Општината, во Крушево во поранешната канцеларија на Централен регистар и во Демир Хисар во просториите на Општината, во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Согласно Законот за трговските друштва, средните и големите субјекти се должни до Централниот регистар на Република Македонија да ги поднесат годишните сметки и финансиските извештаи исклучиво во електронска форма, а ревидираните и одобрени годишни сметки и финансиски извештаи за 2015 година да ги достават најдоцна до 30 јуни 2016 година.