Дошол од Италија, тие што го пречекале на аеродром го ограбиле
Вчера во 11.30 часот В.К. (31) од с.Огњанци, скопско, пријавил дека на 23.03.2016 година околу 04.20 часот лицето Б.Б. и уште едно непознато лице извршиле кражба врз него.
Истиот откако слетал од Италија на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје го пречекала Б.Б. и непознатото лице кои му се понудиле да го однесат до с.Огњанци.
Имено, откако тргнале со патничко моторно возило „Алфа ромео“ со белгиски национални ознаки кон с.Огњанци, на барање на В.К. застанале да купи цигари. Кога излегол се одалечиле во непознат правец.
На В.К. во возилото му останал куферот со лични работи, во кој имало и мала торбичка во која, по негово кажување имал 5.000 евра и лични
документи.
СВР Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава