-->
-->
Досетлив крадец: И ги залепил рацете на продавачка, па ја ограбил
-->
Во јужниот германски град Инголштад, крадец со суперлепак ѝ ги залепил рацете на продавачка на работната површина, ја ограбил продавницата и побегнал со парите од сефот.
Крадецот, вооружен со пиштол, влегол во објектот пред отворањето, збунувајќи ја продавачката која мислела дека тоа е нејзината колешка. Потоа ја присилил да го отвори сефот, од којшто украл 2.000 евра, соопштуваат од полицијата.
Жената потоа успеала да му се јави на свој роднина, „и покрај тоа што не била многу во можност тоа да го стори”, велат надлежните.
Роднината потоа ја повикал итната помош и полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ФИФА: Продадени 1.5 милиони влезници за Светското клупско првенство
-
Најмногу дожд во Лазарополе и Охрид, нестабилно време и денеска
-
Македонски државјанин ќе биде екстрадиран од Грција во Германија, бил баран со потерница за грабеж и убиство
-
Силни експлозии во областите на Ерусалим и Тел Авив
-
Арагчи: Иран останува посветен на дипломатијата, но ќе продолжи да дејствува во самоодбрана
-
Со завршен збор на одбраната, продолжува судењето против Мерко за поставувањето директори на четири училишта
-
Путин: Русија може да помогне во посредувањето за договор меѓу Израел и Иран
-
Блумберг: САД подготвуваат напад врз Иран во наредните денови