Досега попишани 77.122 нашинци од дијаспората
Преку апликцијата за самопопишување на дијаспората заклучно со денешниот ден евидентирани се вкупно 77.122 лица.
Процесот на самопишување почна на 1 март и ќе трае до 21 април, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци, а попишувањето ќе се одвива до 21 април 2021 година
Од 1 март до 15 март се попишуваа и вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив во странство, македонските државјани на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата на Република Македонија во странство и граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица како и сите лица – државјани на Република Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.
Пописот на населението во земјава ќе се спроведува од 1 до 21 април 2021 година. Државниот завод за статистика објави и дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат
во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, за кој заинтересираните кандидати треба да се пријават до 20 март 2021 година.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-
Полицаец во Тетово одавал службени тајни за акции и контроли на вработен во казино
-
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја задолжиле државата
-
Министерството за финансии денес или утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10
-
Левица предлага шестчасовно работно време, без намалување на платите
-
Грчката полиција уапси навивачи вмешани во трговија со дрога
-
Шведски тим од волонтери почна програма за поддршка по трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток