Досега непознато морско суштество откриено во британските води

Во морето кај југозападна Англија е пронајден нов вид морски полжав. Новооткриеното суштество е забележано од истражувачки брод и ѝ припаѓа на група полжави што вирее во потопли води и може да мигрира на север поради климатските промени.
Рос Булимор од Центарот за наука за животна средина, храна и аквакултура (ЦЕФАС) го потврди случајното откритие на новиот вид. Тој вели дека околу 100 различни морски полжави се пронајдени во морињата крај Велика Британија и Ирска, но ова е „нешто посебно“, како што истакна стручњакот. Полжавот, инаку, го доби називот „Pleurobranchaea Britannica“.
– Откритието покажува дека имаме уште многу да научиме за животот во морињата. Прилично е возбудливо да се најде нов вид кој не е микроскопски. Тоа покажува дека има уште работа за нас, изјав Питер Бери од ЦЕФАС.
Морските полжави се вид мекотели без школки, и растат само до околу пет сантиметри во должина. Тие им помагаат на научниците подобро да ги проучат морските екосистеми, поради нивната чувствителност на влијанијата од климатските промени и човековото дејствување.
– Гледаме присуство на вид кој отсекогаш бил забележан во потоплите води. Ова може да значи дека тој може дополнително да го проширува своето присуство бидејќи условите стануваат поповолни или попогодни за него, забележа Булимор.
Поради повисоките температури на океаните, постои загриженост за влијанието врз морскиот свет. Потоплите океани и топлотните бранови ги вознемируваат морските видови – риби, китови и др., додека се движат во потрага по поладни води, нарушувајќи го така и синџирот на исхрана. Научниците предупредуваат дека тоа може да влијае на рибниот и морскиот свет.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
