Досега издадени 61 лиценца за производство на медицински канабис, во постапка на лиценцирање уште 20-тина барања
Досега се издадени 61 лиценца за одгледување медицински канабис. Во постапка на лиценцирање се преку 20, а 10 се во постапка на изградба. Тие што се во постапка на лиценцирање чекаат комисијата да направи контрола по завршувења на објектот и поднесена документација за да може да добијат лиценца, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
– Ова е навистина нешто кое што е сериозен потенцијал за државата. Јас зборувам многу отворено и чесно секојпат за тоа што претставува извор на БДП, нови работни места, високи просечни плати и почитувани работни места. Знаете колку е широко распространета употребата во делот на огромен дел на болести. Нашето поднебје досега покажало, барем според стручните луѓе и стручните анализи, дека е едно од најпосакуваните за производство медикал канабис, односно канабис за медицински цели и за производство на лекови токму од тоа растение, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата во врска со одземената лиценза на компанијата „5 Летерс“ од Ресен.
Дополнително, рече премиерот, се прават напори да го донесеме законот во Собранието, кој што дава лепеза на можности за извоз, покрај на медициснко масло како финален продукт и на цветот од канабисот, така и сите други можности на зајакната контрола, институционализација, формирање на агенцијата, подигање на државните ресурси за овој потенцијал.
– Само ако се донесе законот којшто е во Собранието заглавен од октомври 2019 година, значи некаде година и пол, очекувам БДП од 250 милиони евра што е некаде 2,2 проценти од вкупниот БДП на државата. Има нови барања и веројатно ќе има и други нови барања ако се донесе законот. Очекувам да се отворат илјадници високоплатени работни места, каде што просечна плата е повисока од 700-750 евра, рече Заев.
Во врска со одеземната лиценца за одгледување канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги „5 Летерс“ ДОО Ресен, тој појасни дека тоа е сторено по препорака на Министерството за здравство и на Комисијата која ги издава лиценците, откако при контроли е утрдено дека дел од прозводството било без дозвола.
– Сето тоа што е екстракција на медицинскиот канабис е утврдено дека е законски и вредноста е некаде преку 10 милиони екстрахирано масло од канабис кое што е затекнато на залихи согласно сите стандарди. Тоа е сопственост на компанијата „5 Летерс“, но лиценцата е одземена заради тоа што се пронајдени стебла коишто се без дозвола, детали веројатно ќе следат од Министерството за здравство, поточно Комисијата која што ги дава и на чиј предлог се одземаат лиценците. Но, што се однесува на делот на производството секако секогаш компаниите можат да ги возобноват лиценците доколку се придржуваат на законските контроли. Такви контроли се случија во Удово, Валандовско или Јосифово. Такви контроли МВР, Здравство, соодветните инспекторати прават редовно насекаде низ државата, заради тоа што се работи за строго лиценциран процес којшто мора да ги почитува сите норми, додаде Заев.
Премиерот потенцира дека „5 Летарс“ е една од поголемите инвестиции во државата во областа на медицински канабис и посочи дека очекува да се утврдат причините зошто тоа се случило. Тој воедно апелираше до сите за строго почитување на законите кои мора да важат еднакво за сите без разлика дали се работи за домашен или странски инвеститор.
– За помала или поголема инвестиција, законот мора да важи еднакво за сите, потенцира премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Земјите од ЕУ потрошиле 6,5 милијарди евра на играчки во 2023 година
-
Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и на Стража, магла до 50 метри има на Плетвар
-
Осумгодишно дете повредено поради ,,Супермен челинџ''
-
Косово забранува продажба на енергетски пијалаци на лица под 18 години
-
Мицкоски-Касаноф: Европските интеграции остануваат врвен стратешки приоритет, САД цврсто стојат зад Северна Македонија
-
Меџити: Сите судии на Уставниот суд да бидат на ниво на задачата
-
ССМ будно ќе ја следи примената на новогодишната кошничка
-
Кос: Мојот сон е Западен Балкан да се интегрира во ЕУ