Досега 990 пријави за гласање од дијаспората, најмногу од Берн и Лондон
Вкупно 990 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. се доставени до денеска во 13 часот преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mkдо Државната изборна комисија.
Од нив, 965 пријави се прифатени, 23 се одбиени, а останатите се во обработка.
Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн - 83, во Лондон - 77, во Торонто - 60, Љубљана - 62, Виена - 57 и Канбера - 42.
Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, се наведува во сопштението на ДИК, заклучно со вчерашниот ден вкупно 2.179 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола - 337, Струмица - 200, во Радовиш - 140 и во Прилеп - 129.
Ново на Сител
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово