Досега 48 различни општини раководени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ обезбедиле над 7.600 парцели за „Купи куќа за млади“
Досега 48 различни општини раководени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ обезбедиле над 7 600 парцели кои ќе може да се искористат во рамки на проектот купи куќа за млади.
Ова беше иницијатива која Груевски ја покрена при работниот состанок со градоначалиниците од редовите на неговата партија и која, според информациите од теренските посети, наидува на голем интерес кај граѓаните.
Со проектот Купи Куќа под исклучително поволни услови се овозможува младите до 35 години да го решат станбеното прашање, а надополнет е со повикот до општините да предвидат локации за типски населби за кои владата бесплатно ќе им изработи урбанистички планови.
Два месеци по состанокот општината Штип најави околу 1000 парцели изградба на куќи.
При посетата на Груевски на Илинден, општината потврди дека предвидува околу 1000 парцели за куќи по почетна цена од евро за квадрат.
И општината Ѓорче Петров ќе обезбеди парцели наменети за изградба на куќи за млади.
На работниот состанок беше донесен заклучок владата да ги покрива и трошоците на општините за изградба на водовод, канализација и пат во процент соодветен на бројноста со жители на општината. Се очекува бројот на парцели да расте.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
