Доријан ги опустоши Бахамите, најмалку пет жртви на ураганот

Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис, денеска изјави дека најмалку пет лица погинале на островите Абако од ударот на ураганот Доријан, што во меѓувреме ослабна до категорија четири, но во следните денови и натаму ќе биде многу силен.
Минис кажа дека и жителите на блискиот остров Грејт Бахама се сериозно загрозени од ураганот.
-Спасувачките екипи ќе тргнат во акција штом временските услови тоа го дозволат, додаде Минис.
Според него, многу куќи и згради се значително оштетени или уништени.
-Се наоѓаме на среде историска трагедија, рече Минис, пренесен од американските медиуми.
Американскиот Центар за урагани наведува дека Доријан е најсилниот ураган што било кога ги погодил Бахамите.
Жителите се уште се наоѓаат по засолништата, без струја, а американските медиуми јавија дека ураганот предизвикал огромна штета во некои делови на Бахамите каде се уништени куќи и поплавени цели населби
Ново на Сител
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
-

Пад на инфлацијата во јуни
-

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време
-

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун
