Дополнителниот заменик министер Николовски ја посети Државната фитосанитарна лабораторија
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја посети Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ).
Директорката Сузана Кратовалиева го запозна Николовски со активностите на лабораторијата, нејзината важност за здравјето на граѓаните, како и со проблемите и слабостите со кои се соочуваат секојдневно.
ДФЛ, како што соопшти, извршува специфични дијагностички испитувања за утврдување на здравјето на растенијата, лабораториска анализа за квалитетот на семенскиот и садниот материјал и семенски тестирања на квалитетот на фитофармацевските производи и ѓубривата кои се користат во земјоделскиот сектор, како и контрола на содржината на контаминенти во земјоделските производи, нивни преработки и храна од растително потекло и квалитет на овошје и зеленчук наменето за конзумација и преработка.
Оваа исклучително важна институција со вработените кои се врвни професионалци во својата област, како што рече, изминативе две години покажуваат извонредни резултати кои заслужуваат респект и целосна поддршка од државата.
Директорката Кратовалиева посочи дека ваквите резултати се должат на пожртвуваноста и професионалноста на вработените, но недостига поголема ангажираност на државата кога се работи за овозможување на основните услови за работа.
Николовски нагласи дека државата мора да има максимално сериозен пристап кон оваа институција, да обезбеди многу поголем простор и ИТ услови за работа, максимално да се искористат капацитетите на лабораторијата, како и да се променат политиките со цел поголема контрола на земјоделските производи и нивни преработки.
Ново на Сител
-
СДСМ денеска во Кисела Вода и Аеродром, Шукова ги презентира најважните 20 проекти
-
Османи: На првиот ден ќе прогласам вонредна состојба во Чаир за решавање на проблемот со хигиената
-
Алиу: Стручната комисија се уште ги разгледува новите 5 претставки за извршени кардиохируршки интервенции
-
Да се почитува забраната за продажба на цигари на лица под 18 години, бараат од Аналитика Tинк Tенк
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен караван на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија, Конче, Неготино и Кавадарци
-
Предизборен караван на СДСМ во Конче, Пласница, Кичево и Македонски Брод
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ од ХЕМА-ОНКО, здружение посветено на пациенти со рак