Дополнителни 50 вакуум пумпи за собирање вода во Скопско
Дополнителни 50 вакуум пумпи носи вечерва Дирекцијата за заштита и спасување за собирање на водата во поплавените скопски подрачја. Пумпите се за Сингелиќ, Стајковци, Инџиково и Економија, а веројатно се веќе и распределени.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред премиерот Емил Димитриев, вицепремиерот Арбр Адеми, министрите за внатрешни работи, труд и социјална политика, задравство, транспорт и врски, Митко Чавков, Диме Спасов, Никола Тодоров и Владо Мисајловски, како и градоначалниците на Скопје и на Општина Гази Баба, Коце трајановски и Тони Трајковски, по посетата на најпогодените скопски реони.
Во директен разговор со Груевски, директорот на Дирекцијата Шабан Салиу информира дека од утре ќе има поголем број дневни спасувачи. Рано изутрина ќе бидат мобилизирани околу 150. Помошта од Бугарија е веќе на граница, а од Србија утре ќе пристигнат и екипи со пумпи.
- Најмалку 150 спасувачи да бидат ангажирани и веднаш да им се даде прецизна команда, инструкција, каде и што да прават. Тоа нека се договори вечерва на владината седница. Да работат на куќите за расчистување на покривите, на собирање вода, на расчистување градежен шут, кал и камења, сугерира Груевски, уште еднаш напоменувајќи дека секој ангажиран за помош треба да има точно дефинирана задача и точно време во кое треба да ја заврши.
Министерот за транспорт, пак, нагласи дека ангажирана ќе биде и дополнителна механизација од приватните фирми.
Ново на Сител
-
Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето
-
Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина
-
Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир
-
Пронајдена дрога при претрес во Кавадарци
-
Тешко повредени двајца малолетници во сообраќајка со мопеди
-
Флорида прогласи вонредна состојба во 35 окрузи поради заканата од тропската бура Милтон
-
Стармер изрази загриженост поради „одвратната омраза“ кон Евреите и муслиманите од 7 октомври 2023
-
Попко: Украинската ПВО одби нов напад на руските дронови врз Киев