Дополнителна ликвидност од 130 милиони евра за малите и средни претпријатија
Сто триесет милиони евра евтини кредити од ЕИБ и ЕБОР им стојат на располагање на малите и средните претпријатија. Кредитната линија од ЕБОР веќе е достапна, а за оние од ЕИБ ќе можат да аплицираат од октомври.
Ова го најавува министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА, во кое истакнува дека интерес има од фирмите и за двата инструмента, а најважно е, како што вели, што ќе можат да се користат средствата и за рефинансирање на постојните кредити, односно ако веќе вложиле во опрема или други инвестиции ќе можат да ги заменат тие со поевтини кредити
- Оваа недела потпишавме договор со Европската инвестициска банка за 100 милиони евра дополнителна ликвидност на мали и средни претпријатија, што ќе можат да ги користат од средината на октомври. Тие ќе треба да аплицираат кај деловните банки. За нас е важно што се обезбедува пристап до допoлнителен капитал или евтини кредити за малите и средни претпријатија кои се основа, р’бетот на економијата. За нас е важно тие да имаат пристап до евтини кредити за да можат да растат и за да се развиваат, истакнува Тевдовски.
Тој додава дека покрај овие 100 милиони евра има дополнителна можност за малите и средни претпријатија во износ од околу 30 милиони евра, од кои пак веќе 10 милиони се активни преку Охридска банка.
Во интервјуто посочува дека од компаниите има интерес да користат повторно од овие средства и да ги вложат во нови проиводствени капацитети кои ќе имаат нови вработени.
Ново на Сител
-
Академски пленум: Професорите ќе поднесат петиција за вонредни избори, Вучиќ и Мацут поканети лично да ја примат
-
Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти
-
Трипуновски: Новиот Закон за земјоделство и рурален развој на ЕНЕР, акредитацијата на ИПАРД 3 не е загрозена
-
Мексико се уште преговара со Трамп за царините
-
Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш - 70 евра по возрасен и по 30 евра по дете
-
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто