Донирано теренско возило за Итната медицинска помош во Македонска Каменица
Рудникот Саса од Македонска Каменица донираше теренско возило за потребите на Итната медицинска помош во оваа општина.
Возилото донирано по повод Денот на рударите и празникот на општина Македонска Каменица, чини 20 илјади евра, а се најавува и негово доопремување со потребни современи медицински апарати за потребите на медицинските екипи на терен.
- Ова возило е инвестиција која РОЦ Саса го донира во рамките на својата цел да биде општетствена одговорна фирма. Возилото ќе биде доопремено со опрема за најсовремени апарати за теренски услови. Како Рудник ги поддржуваме различните иницијативи од општината и од Советот за да го подобрваме квалитет на животот во општината. Со ова сакаме уште еднаш да ги поттикнеме нашите колеги од областа на рударството да инвестираат и да донираат во локалните средини, бидејќи само така може да се докаже колку е полезно рударството за општините каде се функционираат рудниците, истакна Максим Прохоров, директор за инвестиции во РОЦ Саса.
Тој истакна дека годишно одвојува од 100.000 до 300.000 евра за поддршка на долгорочни проекти и најразлични спонзорства за потребите на општината.
Директорката на Здравствениот дом „Гоце Делчев“, д-р Марија Глигоровска, се заблагодари за донацијата која е во насока ефикасно и поквалитетно пружање на здравствените услуги на пациентите.
- Возилото за две недели ќе се опреми со лежај, боца со кислород, ЕКГ, дефибрилатор и цела опрема која е потребна. Благодарни сме на донациите од Рудникот Саса кои се во интерес на граѓаните, но и на персоналот, за да може да се реагира навремено и да се спаси човечки живот, рече Глигоровска.
За градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски донацијата е уште една потврда за добрата соработка на општината и рудникот.
- Идејата поттикна од граѓаните, а РОЦ Саса како општествено одговорна компанија реагираше и го обезбеди возилото кое е ново. Значајно е бидејќи условите во Итната медицинска служба од година на година се подобруваат. Минатите години набавивме едно комбе возило, лани беше набавен мамографот, а денеска Итната медицинска помош доби теренско возило за повисоките делови на општината. Ова е добра можност да се заблагодариме на сите кои учествуваат во овој процес за подобрување на условите и за квалитетна здравствена заштита, додаде Митевски.
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ