Донирани едукативни картички за полесна комуникација на децата со аутизам

Едукативни картички добија денеска децата во Дневниот центар за деца со аутизам. Станува збор за донација од Француското интернационално училиште.
Картичките се направени според PECS системот, што овозможува олеснување на комуникацијата за децата кои имаат потешкотии со говорењето. На овој начин ќе може да ги искажат своите основни потреби.
- Навистина сме среќни што имавме можност преку акцијата „Децата за децата“ да помогнеме на Дневниот центар за деца со аутизам. Со овие картички се надеваме дека ќе го олесниме секојдневието децата до Центарот, но исто така ќе се обидеме и со други активности да бидеме активни. Поради тоа нашите ученици направија посебна изложба за своите другарчиња, изјави Жан Франсоа Ле Рок, претседател на Управниот одбор на училиштето.
Дневниот центар за деца со аутизам почна да работи пред две години, има капацитет за згрижување на 15 деца на возраст до 18 години. Во него се вклучува и вонинституционална заштита на децата и младинците со аутизам, како и развој на социјалните вештини преку преку едукативни работилници.
- Би сакале да искажеме благодарност до училиштето. За нас секој донација и секоја идеја е добредојдена. Во овој свет на посебности важно е да се најде човечкото во секој нас и да се помогне. Поддршка ни е потребна, бидејќи сакаме да помогнеме на што повеќе деца кои се соочуваат со проблеми со социјална инклузија, истакна Бојана Стоилковски, заменик-координатор на Дневен центар за деца со аутизам.
Ново на Сител
-

Министерство за економија и труд: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки за инвестиции
-

Струшката полиција откри три бразилки и една девојка од Перу со незаконски престој во земјава
-

Додека бил на работа запалил службени материјали во метално буре, кривична за инспектор од Македонска Каменица
-

Четири лица нападнале 61-годишен маж и неговиот внук, едно лице од нив испукало со пиштол во воздух
-

ДНК-анализа: Хитлер имал генетски нарушувања што влијаеле на неговите гениталии
-

Украина и САД започнаа со производство на дронови-пресретнувачи
-

38-годишен скопјанец управувајќи велосипед удрил во пешак на бул.„Партизански Одреди“
-

Кремљ и испрати порака на Украина:Колку повеќе чекате, ќе ви биде потешко
