Донесени измените на законот за градење, приклучување на новите градби на парно греење онаму каде има можности

Собранието попладнево во рамки на 72. седница ги донесе измените на Законот за градење со кои новите станбено-деловни градби и градбите за колективно домување на подрачја на кои има техничка можност за приклучок на систем за дистрибуција на топлинска енергија, задолжително ќе мора да се проектираат и изведуваат со целокупната машинска односно техничка инсталација за спроведување на топлинската енергија преку парно греење.
Пратениците ги донесоа и измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. При расправата за овој закон, пратеничката од редовите на ВМРО- ДПМНЕ Драгана Бојковска образложувајќи ги измените, посочи дека во собраниската сала не се присутни пратениците од опозицијата, иако се носат позитивни и важни закони.
- Ценам дека ваков тип на закони кога доаѓаат од страна на пратениците, треба да бидат поддржани од сите пратеници но, може да зебележиме дека имаме нула присутни од опозицијата. Ниту еден пратеник од опозицијата не е присутен на оваа седница. Ова укажува на тоа дека опозицијата молчи кога се носат позитивни закони, рече Бојковска.
На ова реплицираше координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски кој рече дека ова е показна вежба за парламентарното мнозинство и дека секогаш кога нема да имаат 61 пратеник, опозицијата ќе биде надвор.
- Опозицијата е тука, треба да си најдете одговор како од 78 пратеници, немате 60 за да држите седница. Ова ви е показна вежба и од сега натаму секогаш кога нема да имате 61 пратеник, ние ќе бидеме надвор пред врата и ќе чекаме надвор. Ако сакате да помогнете треба сите да бидеме присутни тука. Ова што го нудите, се знае што е, за конкретна фирма е. Денеска сме 5-ти, а рокот во законот е да се пријават до 10-ти. Опозицијата ќе биде тука кога треба да биде, рече Спасовски.
Во рамки на 72. седница беа донесени и измените на законите за средно и за основно образование, како и одлуката за избор на директор на Агенцијата за заштита на личните податоци.
МИА
Ново на Сител
-

Стартува 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, со рекордни 15.050 натпреварувачи од 63 земји
-

Студено наутро, сончево и релативно топло преку ден
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
