Донесена Уредба за Законот за акредитација за време на вонредна состојба
На предлог на Министерството за економија министрите на денешната 39-та владина седница ја разгледаа и донесоа Уредбата за примена на Законот за акредитација за време на вонредна состојба, која предвидува одложување на роковите за доставување на извештајот за реализираната програма за работа на Институтот за акредитација на Република Македонија за 2019 година, како и извештајот за работата на Советот за 2019 година и извештајот на Одборот за надзор на материјално-финансиска контрола за 2019 година, за време на траење на вонредната состојба.
Важноста на сертификатите за акредитација, како што соопштуваат од од владината прес-служба, чиј рок е истечен или ќе истече за време на траење на вонредната состојба и на сертификатите за акредитација, чиј рок ќе истече во период oд четири месеци по престанокот на траење на вонредната состојба, согласно оваа Уредба се продолжува до завршување на постапката за ре-акредитација од првото наредно оценување.
– Телата за оцена на сообразност чиј сертификат за акредитација истекол или ќе истече за време на траење на вонредната состојба сe должни да иницираат постапка за ре-акредитација во рок од 30 дена по престанок на траење на вонредната состојба. Надзорните над исполнување на барањата за акредитација и постапките за ре-акредитација кои требало или треба да се реализираат за време на траење на вонредната состојба се одложуваат за време на траење на вонредната состојба и ќе се реализираат по престанок на траење на вонредната состојба. За време на траење на вонредната состојба може да се завршат постапките за акредитација, ре-акредитација и надзорните оценувања чии оценувања се реализирани и со оцена на потребните документите, се вели во владиното соопштение.
Според Уредбата, се посочува во владиното соопштение, телата за оцена на сообразност за време на траење на вонредната состојба можат да достават барање и пријава за акредитација и други документи во врска со постапките за акредитација по електронски пат.
Ново на Сител
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење
-
Лица со хронични респираторни болести и децата најмногу на удар од загадениот воздух
-
Четири училишта под клуч поради пожарот во Трубарeво – учениците почнаа со онлајн настава
-
Отсуството на Арсовска и службите ја прекинаа седницата на Град Скопје
-
Филипче бара оставки и итни анализи на воздухот, водата и почвата во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги објавија кандидатите за советници на метрополата
-
Од 1 декември полесно до прв стан на кредит